|
ЗА КАНЦЕЛАРИЈАТА
Адвокатската канцеларија Најденовски спаѓа во редот на средно
големите канцеларии во Република Македонија и се одликува со
кумулирано искуство на сопствениот кадар и постојано ангажираните
надворешни соработници.
Флексибилноста, динамичноста и дискрецијата се главни
карактеристики на нашиот тим, а тимското изнаоѓање на најповолни
солуции за нашите клиенти е основен принцип на работење.
Канцеларијата работи од 1994 година. Во Македонија, источно
европските држави, како и во Велика Британија и САД кај
коресподентните даватели на правни услуги стекна имиџ на
респектиран соработник особено во поглед на компаниското право,
странските и заедничките вложувања и правото во телекомуникациите.
Сведоштво за тоа се мноштвото проекти во кои сме зеле удел како и
листата на нашите клиенти кои ни ја укажале довербата.
Денес нашата канцеларија има on line соработка со најреномираните
странски правни куќи со право на рекомендирање на наши клиенти пред
истите.
|