|
СФЕРИ НА РАБОТА
Адвокатската канцеларија Најденовски ги дава сите видови на правни
услуги на физички и правни лица во Република Македонија и во
странство, преку своите соработници или преку коресподентната
странска мрежа
Нашите соработници ќе Ве посоветуваат и застапуваат во сите правни
сфери од кривичнито до граѓанското право.
Врвна услуга ќе добиете во било кој сегмент во компаниското
работење при инвестирање од странство во Македонија и од Македонија
во странство. Застапувањето во деловни преговори и изготвувањето на
Joint Venture Contracts е стандардизиран тип на услуга без разлика
на вредноста на правната работа и се дава по стандарди
препознатливи пред странските банки, инвестициони фондови и деловни
групации.
Нашата канцеларија е една од ретките која што е верзирана во
правната регулатива за телекомуникациите и располага со можности за
компаративно следење на европските регулативи во оваа област.
Во специјалностите на канцеларијата спаѓаат правните ревизии на
компании за потребите на странски и домашни инвеститори, пред се
банки и фондови како и правни мислења по однос на правна безбедност
за инвестирање во траен капитал на компаниите.
Во палетата на специфичните правни услуги е и преговарањето и
изготвувањето на договори за трансфер и располагање со аудио и
видео права на странски медиуми во Македонија.
Сите наши клиенти можат да добијат максимално квалитетни услуги од
областа на зашита на авторското право и интелектуалната сосптвеност
благодарение на врвната консалтинг куќа со која имаме постојана
соработка.
Изборот на најповолен даночен и формално правен режим за работење
во странство е специјалност на нашата канцеларија. На ова поле
можете да добиете брза и беспрекорна услуга за било која даночно
атрактивна зона во светот, од иницијална информација до
регистрација на фирми и траст услуга. Ова Ви го нудиме преку
нерезидентни и off schore фирми во странство.
Канцеларијата делегира свои претставници како членови на Одбори на
директори на низа домашни и странски компании, пред се во оние со
мешовит или чисто странски капитал, со статус на советници за
правни прашања и овластувања до ниво на извршен менаџер.
Се разбира, нашата канцеларија ги врши и сите услуги од
административен карактер, преводи, авторизација, нотаризација на
документи, а води и соодветни управни постапки за уредување на
компаниски и лични состојби.
Истовремено, канцеларијата ги застапува сите заинтересирани лица од
Македонија и странство во постапки за посвојување на деца што го
чиниме со особено задоволство, бидејќи сметаме дека да се сака да
се посвои дете значи да се сака да се подари љубов.
Нашите услуги можете да ги добиете на сите балкански јазици
вклучувајќи го и грчкиот јазик, а од светските јазици и на англиски
и руски јазик.
Off Shore компаниите се посебен домен на нашето работење. Денес
можете да го водите вашиот бизниз од било која локација во светот,
банкарската сметка да Ви биде во било која светска банка, а Вашата
компанија да биде регистрирана во земја која Ви дава максимални
даночни погодности.
Нашата канцеларија е овластен соработник на најреномираните светски
регистарски куќи за нерезидентни - off shore компании и Ви
обезбедуваме работење со минимални даночни стапки или целосно
безданочно работење.
Кон ова треба да се додаде и опцијата на работењето со номинирани
основачи и директори во компаниите што Ви овозможува лична
дискреција и целосна анонимност.
Нашата канцеларија може да Ви помогне да ја искористите приликата и
да заштедите. Ќе го лоцираме Вашиот бизнис во најповолната даночна
зона. Уживајте ги легалните бенефиции на работењето преку
нерезидентни компании како што тоа го прават централите на
најпознатите светски компании.
Кај нас ќе може да добиете базични информации за најатрактивните
светски off shore зони. Ќе Ви помогнеме да се одлучите за
регистрација на нова или да купите веќе регистрирана фирма на
Кипар, Малта, Гибралтар, Девствените острови, Џерси, Вајоминг САД,
Делавар САД, Холандија..... |