|
НАШИОТ ТИМ
Јован
Најденовски, адвокат
Завршен Правен факултет во Скопје на универзитетот Св Кирил и
Методиј 1987 година.
Од 1987 - 1989 година стекнува пракса во Основниот суд Скопје 1.
Од 1989 до 1994 година работи како стручен соработник во Јавното
правобранителство на Македонија на судско застапување на
имотно-правните интереси на државата, изготвување на правни мислења
како и работење на предметите третирани како доверливи заради
засегање во сферата на одбраната на земјата.
На 01.11.1994 година отпочнува со самостојна работа преку својата
адвокатска канцеларија.
Специјалности: компаниско работење, договори, телекомуникационо
право во Европа, off shore работење, правни ревизии, проекти за
заеднички вложувања и преговори.
Ексклузивен правен застапник на домашни истрански фирми.
Овластен соработник на неколку странски правни куќи.
Кореспдентен адвокат од Република Македонија за Baker & McKenzie
Moskva, повремен консултант за правни мислења за Baker & McKenzie
Вашингтон, Salomons Solicitors Лондон, како и на реномирани off
shore регистратори.
Член на Бордот на Директори (2 години) на најголемата
источноевропска компанија за персонални комуникации во Москва, член
и Претседател на Ревизионата комисија на истата компанија,
Претседател на Ревизиона комисија на ЛИНК ТЕЛЕКОМ УКраина во Киев,
Советник и прокуратор на фактичкиот источноевропски пејџинг холдинг
во мајоритетна македонска сопственост, носител на правниот дел на
проектот за преземање на правата на MTV Europe за Македонија, 2
години член на Претседателството на Адвокатската комора на
Македонија, носител на правна ревизија при потенцијална инвестиција
на Европската Банка за Обнова и Развој во македонско правно лице,
правен советник на носителот на проектот за имплементација на нова
земјоделска култура во Македонија преку грант средства на Владата
на Холандија, Претседател на Бордот на директори на странска
инвестициона компанија итн...
Покрај мајчиниот македонски јазик, течно зборува англиски и
бугарски јазик, а се служи и со рускиот.
Атанас Гажевски, дипломиран економист
консултант за даночни и финансиски прашања
Завршил економски факултет во Скопје на универзитетот Св. Кирил и
Методиј. Работел како сметководител и финансов директор во неколку
скопски фирми. Од 1994 година работи како постојан надворешен
соработник на адвокатската канцеларија Најденовски. Од 1996 година
дава услуги како CEO на македонска фирма во сопственост на странски
инвеститори. Даночно финансиски консултант на голем македонски
дистрибутер на автомобили во мајоритетена странска сопственост.
Истовремено е даночен консултант на повеќе реномирани скопски
фирми.
Специјалност: даноци и даночна политика во Македонија и практична
примена на даночното законодавство
Учесник во сите проекти со странски елемент кои се работеле преку
Адвокатската канцеларија Најденовски.
Покрај македонскиот јазик течно зборува и пишува руски и грчки.
Стојанка Најденовска, дипломиран економист
специјалист за буџет и финансиски солуции
Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје. Преку 26 години (од
1969 до 1996) работи на буџетската проблематика во Министерството
за Финансии на позиција на советник, инспектор, советник на
министерот и потсекретар. Била одговорна за изготвувањето на 20
буџети на Македонија влучувајќи го и периодот по осамостојувањето.
Од 1996 година, речиси 4 години има работено како Државен советник
за буџет при Владата на Република Македонија. Била и член на
тимовите кои работеле на структурните реформи и на релациите со
меѓународните финансиски институции, Меѓународниот монетарен Фонд,
Светската Банка итн.
Денес дава свој придонес кај финансиските прашања на нашите клиенти
особено во областа на буџетот, како и во однос на изготвувањето на
буџети и советување во поглед инвестиционите и други финансиски
прашања.
Марија
Мирческа, дипломиран правник
постар асистент
Завршен Правен факултет во Скопје на универзитетот Св Кирил и
Методиј .
Првото работно работно искуство е во Нотарска канцеларија, а
следниот ангажман е како соработник во адвокатска канцеларија во
областа на правните ревизии на друштва за потреби на странски
инвеститори, како и правно застапување пред судовите во областа на
имотно-правните односи. Како постар асистент во моментов е
ангажирана во Адвокатската канцеларија Најденовски и како
соработник-правник во канцеларијата на ОБСЕ во Тетово.
Специјалности: компаниско работење, правни ревизии, проекти за
заеднички вложувања и преговори, застапување пред суд во
имотно-правните односи, како и правно застапување во постапката за
денационализација.
Течно го зборува англискиот јазик.
Марија
Ѓоршевска, дипломиран правник
асистент
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот Св.
Кирил и Методиј. Од 2000 година е ангажирана како асистент
координатор на работењето на Адвокатската канцеларија Најденовски.
Специјалност: прекршочна постапка и семејно право / разводи.
Го зборува англискиот јазик, а се служи и со германскиот.
Билјана
Шајновска, дипломиран правник
постар асистент
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот Св.
Кирил и Методиј. Од 2000 година е ангажирана како асистент
координатор на работењето на Адвокатската канцеларија Најденовски.
Специјалност: комуникации и норматива.
Го зборува англискиот јазик
Дијана Сеферова, дипломиран правник
асистент
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот Св.
Кирил и Методиј. Од 2002 година е ангажирана како асистент во
Адвокатската канцеларија Најденовски.
Специјалност: коресподентно компаниско раководење регистрациони
процедури, хуманитарни и невладини организации, нерезидентни
сметки, работни односи.
Го зборува англискиот јазик
Славица Ивановска, дипломиран правник
асистент
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот Св.
Кирил и Методиј. Од 2002 година е ангажирана како асистент
координатор на работењето на Адвокатската канцеларија Најденовски.
Специјалност: прекршочна постапка и семејно право / разводи.
Го зборува англискиот јазик,.
Искра Најденовска, дипломиран професор по македонски и англиски
јазик
надворешен соработник за преводи и коресподенција
Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и
Методиј во Скопје. Од 1994 година е постојан надворешен соработник
на адвокатската канцеларија. Се грижи за превод и лекторирање на
целокупната коресподенција со странство како и за комункиација со
странство кој бара поспецифичен начин на изразување. Постојан
овластен судски преведувач за англиски јазик од 1991 година.
Течно го зборува англискиот јазик, а се служи и со грчкиот и
германскиот |